Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски на отворањето на канадска „Магна“ во Струга: Нови инвестиции и вработувања и во услови на најголемата светска криза

0
By Соња Крамарска on October 12, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски на официјалното отворање на канадската инвестиција во Северна Македонија, во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, истакна дека новите инвестиции се потврда за успешните владини политики и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза.

Ковачевски посочи дека новата инвестицијата во Струга за Владата е потврда за заложбите за рамномерен регионален развој, за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија.

„Ваквите инвестиции се јасен сигнал дека Северна Македонија нуди предвидлив деловен амбиент за компаниите, за нови инвестиции. И според Индексот на „Инвестмент монитор“ за 2022 година, кој го споредува бруто-домашниот производ во однос на странските директни инвестиции, постигнавме импресивни резултати. Како земја сме значително над глобалниот просек кога станува збор за привлекување гринфилд инвестиции. Речиси 90 проценти од инвестициите потекнуваат од нови проекти, додека останатите 10 проценти се од инвестиции за проширување. Инвестициите во обновливите извори на енергија се водечки сектор за влезни странски директни инвестиции во земјава со седум проекти, а веднаш потоа на второ место се рангирани секторот за автомобили, софтвер и ИТ-услуги, секој со шест инвестиции. Ова е резултат на нашиот стабилен деловен амбиент, на членството во НАТО, како и на почетокот на преговорите со Европската Унија. За нас како Влада ова е силна потврда за успешниот концепт на ТИРЗ и Владата, кој го спроведуваме веќе 18 месеци. И во време на глобални предизвици, постигнавме договори од над 620 милиони евра инвестиции, што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години“, рече тој и ги покани инвеститорите од светот да го вложат својот капитал во Македонија.

Дејвид Креспи, потпретседател на компанијата „Магна Интернационал“ истакна дека новата инвестиција на „Магна“ во Струга е првиот производствен капацитет на компанијата во Северна Македонија, кој ќе поддржи неколку европски производители на автомобили.

„Зафаќа површина од приближно 17.000 метри квадратни, во објектот веќе се работи и од почетокот на оваа година има повеќе од 300 вработени, а се очекува да вработи над 1.000 вработени до 2024 година како што се ќе зголемува бизнисот ќе расте и бројот на вработени. Возбудени сме поради отворањето на првата фабрика на Магна во Северна Македонија и можности што ги носи да го зголемиме нашиот удел во Источна Европа и да создадеме нови работни места во регионот“, рече Креспи и потенцира дека Владата и локалната заедницата се многу кооперативни и силно верува во континуираната соработка“.

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ ги истакна позитивните политики за привлекување на странските инвеститори, кои значат нови вложувања и вработувања.

„За мене вистински развој е кога вложуваме во подобар живот за луѓето и отвораме можности за напредок, оти луѓето се тие што ја движат и развиваат економијата, а не капиталот. Токму затоа сум горд дека со вложување во вакви технолошко напредни компании како „Магна“ кои носат добро платени работни места, отвораме шанса за пристоен живот на над 1.300 наши сограѓани овде. Особено ме охрабрува тоа што во време на глобални економски предизвици со паметен пристап успеваме да креираме добра деловна клима и да ја добиеме довербата на постојните и нови инвеститори. Само во изминативе 18 месеци со новиот концепт на ТИРЗ постигнавме договори во висина од 620 милиони евра кои носат над 4.000 нови работни места. Владата и ТИРЗ остануваат посветени партнери на ваквите инвеститори. Продолжуваме заедно во уште вакви нови успешни приказни“, рече Деспотовски.

На настанот присуствуваа и претставници на менаџментот на компанијата, вработени, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, како и бројни гости.

„Магна Мирорс“ Струга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.