Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: На регуларно ниво се разговорите со коалициските партнери, до овој момент не постои финален договор

0
By Marija Todorovska on January 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски информираше дека разговорите со коалициските партнери во однос на претстојните избори се одвиваат на регуларно ниво, но до овој момент не постои финален договор. Тој посочи дека се одвиваат разговори чија цел е правење на коалиција меѓу политичките партии кои делат исти вредности и визија за државата, а тоа е Северна Македонија што поскоро да стане членка на Европската Унија.

-Разговорите со коалициските партнери се одвиваат на регуларно ниво. До овој момент не постои финален договор, што е и нормално бидејќи се уште се наоѓаме во фаза кога изборите не се распишани. Но, има разговори, со цел на правење коалиција на политички партии кои имаат исти вредности а тоа е Северна Македонија да биде членка на ЕУ, наспроти други политички партии кои што застапуваат алтернативни решенија, кои што не ги ни објаснуваат, рече денеска Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање, за време на заедничката прес-конференција со премиерот Талат Џафери, по примопредавањето на функцијата во Владата.

Што се однесува до другите оперативни активности поврзани со изборите, Ковачевски најави дека денеска во 18.30 часот ќе биде отворена промотивна канцеларија на СДСМ на улица „Македонија“ во Скопје и потенцираше дека е во тек постапката за кандидирање кандидати за претседател на државата и кандидати за пратеници.

-Денеска во 18.30 часот ќе биде отворена промотивна канцеларија на улица „Македонија“, каде што ќе има голем број на наши членови, симпатизери и граѓани и каде ќе можеме да ги започнеме и поконкретните активности. Оперативните активности веќе се подготвуваат и во другите градови. Тече и постапката за кандидирање на кандидати за претседател на државата и на кандидати за пратеници и која се одвива согласно динамиката усвоена во правилникот и роковникот од Централниот одбор, додаде Ковачевски.

Димитар Ковачевски коалициски партнери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.