Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Не постои друга алтернатива за Северна Македонија, освен тоа што го посакуваат граѓаните – да биде дел од ЕУ

0
By Marta Pesevska on April 3, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Се согласувам, очекувањата на мнозинството граѓани е да имаме европска Македонија, тоа се очекувањата на сите луѓе кои што сакаат држава со подобар економски стандард, подобро владеење на право, помалку корупција, подобри услуги за граѓаните,“рече претседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на самиот почеток на дуелот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 1, во Канал 5 Телевизија, на прашањето за тоа дали е згрешен насловот на денешниот дуел „Дуел за Македонија“.
Ковачевски посочи дека тоа е суштината на една европска Македонија, како и дека претстои многу работаиако изминатиот период се направиле грешки, меѓутоа дека со напорна работа нема недостижна цел.

„Најпрвин сакам да ви се заблагодарам и на вас на поканата и можноста вечерва да имаме соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Вие знаете дека јас два месеци веќе не сум претседател на Владата и ние во текот на изминатите 7 години имавме можност да ја водиме владата, од тие 7 години 2 години јас бев премиер. Ќе ви откријам една мала тајна, во 2 изминатите месеци покрај многубројните партиски активности, конвенции и конференции, конгреси итн, секој ден наоѓав барем по еден час или два да бидам на скопските улици и скопските паркови за да слушнам што зборуваат граѓаните. И никој подобро од мене не знае што е она што граѓаните ги загрижува, што е она што граѓаните ги прави незадоволни. Пред се тука мислам на високите цени, на однесувањето на ДУИ и на дел од нивните функционери, на незадоволството од невладеењто на правото, од високата корупција и доколку некој е одговорен за тоа тогаш тоа сум јас, бидејќи јас 2 години ја предводев Владата и ако некој е одговорен за тоа во вашето студио тогаш тоа сум повторно јас.

Тој истакна и дека го загрижува фактот што дел од граѓаните се заморени од процесот на интегрирање на процесот на ЕУ, од неговото траење.

„Да бидам искрен и јас понекогаш го чувствувам тој замор, меѓутоа од друга страна не постои друга алтернатива за Северна Македонија да стане држава каква што ја посакуваат граѓаните, односно да бидат донесени позитивни промени. И ме радува фактот што најголемиот дел од граѓаните сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ. Ние како партија и јас како претседател на СДСМ докажавме дека со нас Македонија стана членка на НАТО, дека Македонија ги отпочна преговорите со ЕУ и доколку го добијам мандатот односно можноста уште еднаш да бидам претседател на владата тогаш можам да им ветам дека ќе работам ден и ноќ напорно за да го оствариме тоа што сите го очекуваат а тоа е Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Не само заради членство, туку заради тоа што граѓаните сакаат да имаат држава со подобар економски стандард, со подобро образование, со подобро здравство, со подобро владеење на правото, со помалку корупција, односно држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат,“порача Ковачевски пред стартот на дуелот.

дуел Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.