Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Нема дилема – Гоце Делчев е еден од столбовите на македонската борба за самостојна и независна држава

0
By НОВА ТВ Balaban on February 10, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: youtube/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И јас и сите граѓани немаме дилеми за тие прашања. Отаму недозволено и неприфатливо е било која политичка партија да генерира низок и ефтин политички маркетинг и лажен патриотизам, рече Ковачевски

Дефинираните позиции за македонската засебност и посебен културно-јазичен идентитет остануваат непроменети. Граѓаните да бидат спокојни дека од црвените линии за заштита на нашиот идентитет не отстапуваме, но посветено работиме што побрзо да бидеме дел од европското семејство, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница каде во моментот во тек е расправа за избор на заменици-министри во Владата.

Во обраќањето пред пратениците, осврнувајќи се на надворешната политика, Ковачевски рече дека билатералните разговори со Бугарија за динамизирање на економската соработка и добрососедството продолжуваат, а историските прашања ги оставаат на решавање на стручната историска фела.

– Историските прашања ги оставаме на решавање на стручната историска фела, но воедно Ве уверувам дека дефинираните позиции за македонската засебност и посебен културно јазичен идентитет остануваат непроменети, јасни и цврсти, како досега, така и во иднина. И јас и сите граѓани немаме дилеми за тие прашања. Отаму недозволено и неприфатливо е било која политичка партија да генерира низок и ефтин политички маркетинг и лажен патриотизам. За мене, за сите наши претци и поколенија нема дилема дека Гоце Делчев е еден од столбовите на македонската борба за самостојна и независна држава, како што знам и дека неговите мошти почиваат и ќе почиваат во Скопје, потенцира Ковачевски.

Затоа, додаде Ковачевски, декларации и слични форми на политички фолклор и политиканство во најблага форма се неприфатливи и покажуваат сериозна дилема за нашето минато кај опозициската политичка партија која тоа го прави.

На почетокот на денешната собраниска седница, при утврдувањето на дневниот ред, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара како последна точка да биде ставена декларацијата за Гоце Делчев.

Гоце Делчев Димитар Ковачевски нема дилема собраниската говорница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.