Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски пред утрешниот штрајк: Низ социјален дијалог со синдикатите до решение кое нема да ја подгрее инфлацијата

0
By НОВА ТВ Balaban on April 10, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата ќе остане посветена на изнаоѓање решенија за сите прашања што ги отворија синдикатите, истакнува во интервју за МИА, претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

„Синдикатите бараат уште повеќе зголемување на платите. Ние нормално дека разговараме со нив, сите одлуки досега беа носени низ социјалниот дијалог со синдикатите. Меѓутоа треба да ги имаме предвид сите аспекти на економијата, а ние сме во секојдневна комуникација и неделна координација со Народната банка, бидејќи не смееме да дозволиме одредени мерки коишто би се носеле од фискалната политика да влијаат негативно на монетарната политика и да ја подгреваат инфлацијата“, нагласува премиерот Ковачевски.

Се работи за исклучително тешка економска криза, најголема после Втората светска војна, нагласува Ковачевски, и додава дека Владата сите ресурси ги насочи за справување со неа со намалување на тековните трошоци во буџетот, со ограничување на непотребните трошења како што се трошоци за репрезентација, трошоци за набавка на возила, на мебел и така натака, освен она што е најнеопходно за образование, за војската, сé со цел да се ослободат финансиски средства за граѓаните и особено за оние коишто се најранливи.

„Јас знам дека нашите граѓани ја чувствуваат кризата, се работи за исклучително тешка економска криза. Ние сите ресурси ги имаме насочено кон справување со истата. Презедовме мерки за да ја одржуваме ликвидноста на компаниите и ликвидноста на енергетскиот сектор и како држава одлучивме 80 проценти од сметките за електрична енергија да ги субвенционираме, бидејќи сметаме дека не смее ценовниот шок да се прелее кај граѓаните. Само за споредба доколку не се тие  мерки цената на електрична енергија, односно сметките за струја на граѓаните би биле за 2.150 денари повисоки, сметките за храна би биле повисоки за 1.500 денари месечно доколку не беа ограничувањата на маржите и намалувањето на ДДВ, а нафтените деривати би ги плаќале само основ на ДДВ, без намалувањето на акцизата, 300 денари повеќе и сметам дека граѓаните тоа го препознаваат“, посочува претседателот на Владата Ковачевски во интервјуто за МИА.

Димитар Ковачевски синдикатите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.