Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Сите барања на ВМРО-ДПМНЕ се исполнети, паднаа обвинувањата за бугаризација и асимилација

0
By Marta Pesevska on June 9, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите предлози кои што ги имаше ВМРО – ДПМНЕ се прифатени, дури и делот кој што го имаа во однос на партијата ДУИ, прифатен од страна на ДУИ со нивно соопштение. Сите барања кои што ги имаше најголемата опозициска партија се исполнети, кажа премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во 360 степени.

– Прво најголема разлика беше, која што веќе не постои, обвинувањето и реториката на ВМРО – ДПМНЕ дека се прави бугаризација, асимилација, дека се нарушува идентитет и т.н на македонскиот народ со внесувањето на деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав. Цела година, од почетокот на усвојувањето на Францускиот предлог, беше таа реторика. За да, после лидерската средба сите се уверат дека тоа веќе е променет став кој што е јавно искажан и уште еднаш на телевизиско интервју на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, со што веќе не постои според ВМРО – ДПМНЕ, а никогаш не ни постоела таа опасност. Ние имаме јасно заштитен македонски идентитет, јазик и култура во преговарачката рамка, потврден и преку договорот Фронтекс што е потпишан на чист македонски јазик. Кажав и на прес конференцијата дека голема, можеби и најголемата европска држава, во наредниот период ќе донесе резолуција со која го потврдува македонскиот јазик, култура, идентитет како дел од идентитетот на ЕУ, истакна Ковачевски.

Премиерот додаде дека стапување во сила на уставните измени е регулирано во преговарачката рамка каде што јасно стои дека имаме чист македонски јазик.

-И преговарачката рамка е на македонски јазик јавно е тоа, преговарачката рамка го заштитува македонскиот идентитет, преговарачката рамка јасно наведува дека процесот на преговори започнува на 19 јуни минатата година што јавно..можеа да го видат сите наши граѓани кога претседавачот со состанокот чешкиот министер и .. преговорите на Северна Македонија со ЕУ започнати и стои услов кој што вели дека без дополнително одлука ќе биде одржана втора меѓувладина седница откако Северна Македонија ќе заврши скрининг и ќе ги направи потребните уставни амандмани за вклучување на други делови народи во преамбулата на Уставот. Тој пакет од документи, тоа е донесен од страна на 27 земји членки на ЕУ, доставена до Северна Македонија од страна на француското претседателство и сите земји членки и нивните претставници јасно кажаа на прес конференции и во Брисел и во други градови и во Скопје исклучиво, дека не постои никаков друг услов кој што може да произлезе од преговарачката рамка. Билатералните прашања со Бугарија се дел од билатералните односи и динамика на односите кои што ги имаме со Бугарија, со тоа постојат комисии кои што работат со членови со .. да одлучуваат за заклучоците кои што се имплементираат реципрочно на она што е дел од преговарачкиот процес и преговори со Брисел, преговори со Софија, потенцира Ковачевски.

Според него, добрососедските односи се основа на функционирањето на ЕУ.

-Тоа нас ни е повеќе од јасно, значи држави кои што во југот на Европа се, вие .. што се случувало во втората особено во ПСВ, меѓу Франција и Германија тие сето тоа го поминаа, денес се лидери земји во ЕУ, а ЕУ е една од лидерите во економска организација и политичка во светот. Што се случи после Договорот од Преспа, држава со која што имавме спор, денес Грција е најголем поддржувач на европските интеграции на СМ, затоа сметам дека добрососедските односи се основна на интеграција во ЕУ, и тука не мислам само на еден сосед, тука мислам на сите соседски држави со кои што ние во моментов немаме никакви провокации, имаме односи кои што навистина се градат на основа на мислење, рече Ковачевски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски лидерска средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.