НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски со тројца министри во Абу Даби на разговори за инвестиции

0
By Соња Крамарска on October 18, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Целта на посетата на Абу Даби е директна комуникација со инвеститори и средби со претставници на инвестициски фондови
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, се во работна посета на Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.
Целта на посетата е директна комуникација со инвеститори и средби со претставници на инвестициски фондови за подобрување на економската активност на државата во услови на најголемата светска економско-енергетска криза.
Во рамки на посетата премиерот Ковачевски заедно со министрите ќе ги претстават нашите макроекономски политики, развојните цели во нашата земја како и можностите за инвестиции. За таа цел ќе остварат неколку билатерални средби со претставници на фондови, кои се продолжение на веќе остварена соработка, се со цел да се постигнат конкретни резултати.
Ќе се дискутира за можностите за искористување на развојните фондови што по поволни услови инвестираат во проекти и тоа во областите, инфраструктура, агро-бизнис, туризам и енергетика со фокус на обновливи извори на енергија.
Владата и покрај светската економско-енергетска криза и актуелните случувања во Украина и нивното влијание на глобално ниво, останува посветена на  постигнување економски раст со стапки над 5 отсто во наредните години, засновани на растот на инвестициите и потрошувачката.
Абу Даби Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.