Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за Извештајот на ЕК: Да престанат блокадите, да се обединиме, до 2030 година да ја видиме Македонија рамноправна членка на ЕУ

0
By Соња Крамарска on October 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски денеска говореше конференцијата „На Европскиот пат: нови реформи, нови можности“, во организација на Секретаријатот за европски прашања.

За извештајот на ЕК тој рече дека праќа многу јасни пораки. Првата порака е дека во нашата држава постојат два концепти. Едниот концепт е оној на чие чело е тој и концептот што го застапува дека македонските граѓани со крената глава треба да чекорат кон ЕУ и да седат на големата маса во Брисел.

Вториот концепт, рече Ковачевски, е концептот на блокади, на седење на мала изолирана маса, „како што седевме 11 години во минатото, а притоа на народот да му велат да биде горд, сам, изолиран на мала маса тука во Македонија“.

„Тоа е разликата меѓу овие 2 концепти“, рече премиерот.

„Ние сме тие кои го спасивме образот на ЕУ, затоа што како ниедна држава требаше да донесеме одлуки кои што беа тешки и кои што предизвикуваа лоши чувства кај нашите граѓани. Јас ги делам тие чувства. Прво, ние сме единствена држава којашто за да пристапи кон ЕУ и пред тоа кон НАТО треба да го смени името на својата земја. Второ, јас бев дел од преговорите со Република Бугарија. Тие преговори за мене и за граѓаните на оваа држава предизвикуваа чувство, јас го имав тоа чувство и го делам чувството на граѓаните, како некој со нож да ви го сече стомакот. Но, на крајот на денот треба да донесете одлука, дали државата ќе оди во ЕУ, таму каде што има економски напредок, социјална правда и таму каде што има владеење на демократијата. Или ќе седите дома, сами и изолирани, раскарани со сите“, рече Ковачевски.

„И ја донесов таа одлука. Зошто? Затоа што тие кои беа против, тие кои беа воздржани не дадоа алтернатива, која е алтернативата? Кој животен стандард го нудат? Каква иднина на новите генерации нудат? Никој не понуди таква алтернатива. Да морам пак да ја носам одлуката, пак ќе ја донесам истата одлука. И пак ќе ја донесам со истото чувство, но нема да ја носам заради себе и својата политичка кариера, туку ќе ја донесам заради идните генерации во оваа држава затоа што заслужуваат и треба да растат во ЕУ. Заедно со сите други членки на овој сојуз во кој има економски напредок, социјална правда и владеење на правото“, истакна тој.
Во однос на блокадите на парламентот од страна на опозицијата, Ковачевски рече дека тие припаѓаат на вториот концепт.

„Втор концепт којшто ги блокира сите закони во Собранието. Ако можам да разберам еден дел од таа опозиција која што е цел ден на телефон со Русија, вториот дел не можам да го разберам“.

„Ги повикувам сите во Собранието да се обединиме заради иднината на оваа држава, затоа што ние што сме во пратеничките клупи, во канцелариите во Владата зависи колку брзо ќе се спроведат реформите. Јас сум убеден дека до 2030 година нашата држава може да стане членка на ЕУ, бидејќи досега 45 отсто од европското законодавство е усогласено со нашето законодавство. Ние имаме тимови, стручњаци кои со години се во министерствата кои што знаат што треба да направат во делот на усогласување на законодавството. Не рековме дека сме најпаметни, го зедовме најискусниот преговарач кој постоеше во овој регион, главниот преговарач на Хрватска којшто беше и постојан претставник на Хрватска во ЕУ, кој беше советник на нивниот премиер сега е главен советник на нашиот главен преговарач. Ако сакате да играте во големата лига тогаш мора да имате играчи од големата лига во вашиот тим“, рече Ковачевски.
„Не може политичка агенда да биде кочење на иднината на сопствената држава. Политичка агенда може да биде економска политика, политиката на даноци, на плати, социјална политика, ама не може да биде политика кочење на иднината на својата држава и затоа ги повикувам сите што поскоро да се обединиме и до 2030 година да ја видиме Северна Македонија како рамноправна членка на ЕУ“, рече тој во говорот.

Димитар Ковачевски извештај на ЕК 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.