Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за Законот за амнестија: Секој закон во Собранието може да претрпи модификации, никој нема корист од блокирање

0
By Ана Василевска on September 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секој закон во Собранието може да претрпи модификации, да се отвори дебата… Јас сметам дека тоа треба да се направи, бидејќи се работи за Закон којшто ги подобрува процедурите, ги забрзува процедурите. Не дава никаква амнестија на некој којшто направил тешко дело, точно наведени во самиот Закон. Затоа мислам дека не треба на блок да се отфрла, туку треба да се отвори парламентарна дебата, истакна премиерот Димитар Ковачевски во изјава за медиумите при посетата на градежните активности на изградба на автопатот на Коридор 10-д, делницата Прилеп-Битола.

Тој во одговор на новинарско прашање рече дека Владата ќе го разгледа законот на една од наредните седници и потоа низ процедура ќе биде пратен до пратениците каде што сите пратенички групи ќе можат да го кажат своето мислење, но нагласи дека никој нема корист од блокирање.

-На граѓаните доста им е од кавга, доста им е од препукувања и бесконечни прес-конференции на коишто секој секого обвинува за нешто.  На граѓаните им требаат проекти, работа инфраструктурни проекти, им требаат подобри услови за живеење. Мојот пристап е дијалог, разговор заснован врз основа на факти и работа со цел да се оствари интересот на граѓаните. Затоа сметам дека тој пристап треба да го има опозицијата затоа што на тој начин ќе се унапредат процесите коишто ги имаме во државата, посочи премиерот Ковачевски.

На прашањето кој е „Дарт Вејдер“ на македонското правосудство, премиерот одговори дека тоа ќе го остави на имагинацијата и на истражувачкиот потенцијал на новинарите, да се навратат 15 години во правосудниот систем и да видат како се менувани одредени закони и како се монтирани одредени процеси, со тоа што многу лесно ќе може да се идентификува тоа лице кој, како што рече, потекнува од комунистичко време.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера одговарајќи на новинарски прашања дали имаат комуникација со власта за новиот закон за амнестија, повтори дека уште пред неколку месеци прекинале било каква официјална или неофицијална комуникација со Владата и оти партијата преку демократски алатки ќе го блокира новиот Законот за амнестија што го подготви власта.

-Тој закон кој што е предложен, а од вчера и на јавноста достапен е Закон за амнестија на криминалци за кои одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно. За жал, тие политички партии или дел од тие политички партии денеска се од Владата и можете да видите дека таквиот закон не одговора, ама буквално ниту на потребите, ниту на очекувањата на граѓаните и во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој Закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира, рече Мицкоски.

Димитар Ковачевски Закон за амнестија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.