Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид криза во Индија: Десничарска влада на Нарeндра Моди пробува да цензурира содржина на Твитер

0
By НОВА ТВ on April 26, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови рекордни бројки на Корона вирус случаи се регистрираат скоро секој ден во последната недела. На 22ри април, во само еден ден регистрирани се 314,835 случаи, а од тие 2,104 беа смртни случаи, што беше рекордна бројка до тогаш. Сега оваа бројка е уште повисока: во последните 24 часа се забележани 352.991 нови инфекции и 2.812 смртни случаи – највисокиот еднодневен скок досега.

Во Индија моментално има 17.3 милиони активни Корона случаи. Здравствените системи на некои места во државата се пред колапс, а во главниот град Делхи има голем недостиг на кислород. Како резултат на оваа кризна ситуација луѓето складираат кислород и витални лекови во домовите во Индија, создавајќи паника и предизвикувајќи недостаток во болниците каде се лекуваат критично болни пациенти од Ковид, изјавуваат високо рангирани индиски лекари за The Guardian.

Во оваа длабока криза, десничарската влада на индискиот премиер Нарендра Моди пробува да цензурира содржина на социјалниот медиум Твитер. Преку итна наредба, владата успеа да цензурира одредени твитови со тоа што тие пратиле молба до социјалниот медиум. Твитер тврди дека обично не трга содржина од нивниот сајт ако истата не е нелегална или против правилата на Твитер. Сепак, компанијата изјави дека добила „валидно правно барање“ од страна на индиската влада.

„Доколку се утврди дека содржината е нелегална во одредена надлежност, но не е во спротивност со правилата на Твитер, може да го рестриктираме пристапот до содржината само во Индија“, велат од платформата. Односно Твитер има можност да цензурира одредени содржини во одредени региони, а да дозволи пристап на истите содржини во други региони.

Според индискиот медиум The Hindu, Твитер отстрани над 50 објави од својата платформа по наредба на индиската влада. Поголемиот дел од овие твитови биле критични за начинот на кој владата се справува со пандемијата среде недостигот на кревети и медицински кислород. Според други медиумски репортажи, меѓу отстранетите твитови биле и еден твит од политичар од Западен Бенгал кој го смета премиерот Нарендра Моди директно одговорен за смртните случаи од Корона вирусот, како и еден твит од актер кој го критикувал Моди за одржување политички митинзи додека вирусот се шири неконтролирано.

Многумина исто така го критикуваат Твитер што воопшто биле отстранети овие содржини и сметаат дека компанијата има еднаква одговорност во овој случај на цензура, особено бидејќи тргање на ваков вид на содржина која е поврзана со Корона вирусот и смртни случаи може да има многу сериозни последици.

Твитер има измешана репутација кога е во прашање десничарска содржина на својата платформа, како и соработување со одредени десничарски влади. Некои сметаат дека Твитер и Фејсбук често им имаат помагано на десничари, како и дека алгоритмите на овие платформи често промовираат сексистичка или расистичка содржина со цел да го задржат вниманието на своите корисници.

Во фебруари, 2021 Твитер блокираше повеќе од 500 корисници (акаунти) поврзани со тогашните протести на земјоделците против земјоделските реформи откако владата на Моди издаде правно известување до платформата. Бидејќи може да се забележи патерн на цензурата на Твитер во Индија, блокирањето на последните 50 Твитер објави мора да се сфати сериозно и како еден вид соучество во процесот на цензура.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.