Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, синоќа во Њујорк разговарале за проблемот на Грција со уставното име на Република Македонија и разговорите со посредништво на Метју Нимиц.
Коѕиас по средбата рекол дека имале интересен разговор и кажал оти постојат отворени можности да се разговара за тоа по завршувањето на претстојните локални избори ако соседната земја го напушти иредентизмот.
Од ОН, пак, соопштиле дека Гутереш ги поздравил обновените напори за наоѓање на решение и оти тие ќе ги поддржат и двете земји во овој контекст.
Покрај за името, теми на разговор помеѓу нив биле и Кипар, реформите во ОН, како и миграциските проблеми.