Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: Разговорите во Давос ќе покажат каде се движиме

0
By Нова ТВ on January 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 22, 2018 19:45

Блиску сме до одредени прашања за решение, а разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме, смета шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Според него, потребно е дополнително да се разработат одредени прашања за да се зборува за конкретен временски рок за решение.

Говорејќи пред грчките новинари во Брисел, по Советот за надворешни прашања на ЕУ, Коѕијас, ги коментира и последните случувања во македонско – грчките односи, но и вчерашните демонстрации во Солун.

– За временски рок потребно е да има уште разработка. Блиску сме до одредени прашања за решение. Мислам дека одредени теми за кои ќе се разговара во среда на 24 јануари во Давос ќе покажат каде се движиме – вели Коѕијас.

Во однос на тоа дали постои временска рамка за решение, а паралелно отфрла секаков вид на притисок врз Атина или мешање од трети страни.

– Никој не не притиска, ниту пак дозволуваме некој да не притиска. Се разбира, грчката дипломатија го користи притисокот што го има другата страна за да се отвори нејзината европска перспектива. Ова нас не не притиска – коментира министерот за надворешни работи на Грција.

Според Коѕијас, преговорите што се водат меѓу двете земји за името биле олеснети со фактот што Европејците и Американците сфатиле дека не треба да се мешаат.

Министерот за надворешни работи на Грција, за грчките дописници во Брисел рече дека официјална Атина нема да дозволи Македонија да се интегрира во НАТО доколку не се задоволат потребните услови и ако не се реши прашањето за името, а потенцираше дека во минатото не постоело вето, туку за проширувањето на северно атлантскиот потребен е консензус.

Прашан за вчерашниот протест, шефот на грчката дипломатија вели дека тоа демократско право на граѓаните, не влијае на преговорите за името, а во истиот контекст го споменува и иредентизмот.

– Одѕивот на протестот беше израз на демократското функционирање на државата, беше израз на агонијата на многу Грци кои понекогаш погрешно, преговорите за името ги идентификуваат со судбината на грчката Македонија и беше еден протест кој дополнително ги развива облиците на јавна дебата. Но, мислам дека нема влијание во преговорите за името и во иредентизмот на соседната земја. Што се однесува на иредентизмот, очигледно е дека секој израз што го осудува иредентизмот, дејствува поддржувачки. Во однос на името, тоа ќе го решиме врз база на идните перспективи на стабилност во регионот, улогата на грчката дипломатија и потребата нашата земја да игра една водечка улога во регионот – рече од Брисел, Никос Коѕијас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.