Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крајната десница најави формирање на нова влада во Израел, Нетанјаху обвини за „измама на векот“

0
By Biljana on May 31, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на малата, крајно деничарска израелска партија „Јамина“, Нафтали Бенет, изјави дека ќе се обиде да формира влада на единство со противниците на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху. Бенет кажа дека ќе стори се што може за да формира влада со лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, од партијата на центарот Јеш Атид (Постои иднина).

Бенет, исто така, кажа дека идејата за коалиција на само десни партии не е вистинската опција.

„Или петти избори или влада на единство. Нетанјаху добро го знае тоа“, рече Бенет и додаде дека “одговорноста мора да се преземе во клучен момент”.

Според американските медиуми, ваквото соопшение на Бенет, се смета за клучен исчекор кон завршување на владеењето на Нетанјаху, што траеше 12 години.

Во Израел за две години имаше четири парламентарни избори без јасен победник, а Бенет вечерва оцени дека земјата „ја изгубила способноста да функционира“ и дека раководството се обидело да ги прикрие неуспесите со омраза и поделби, пренесоа израелските медиуми.

Евентуалната влада која Лапид сака да ја формира, исто така, ќе ги вклучува и центристичката партија Сино и бело, на Бени Ганц, актуечниот министер за одбрана, десничарската Нова надеж на поранешниот соработник на Нетанјаху, Гидеон Сар, националистичката партија Израел нашиот дом (Јизраел Беитену) на Авигдор Либерман и левоцентристичката и левичарската лабуристичка партија Мерец.

Меѓутоа, на новата влада ќе и треба поддршката и од приврзаниците на еврејските населби во окупираните територии и израелските арапски пратеници, што ќе ја загрози нејзината стабилност.

Рокот за формирање на владата е до среда на полноќ, а Бенет се очекува да биде премиер во првите две години, а потоа Лапид ќе го замени на таа позиција.

„Мојата намера е да направам се што можам за да формирам влада на национално единство со мојот пријател Јаир Лапид, така што заедно, по Божја волја, ќе можеме да ја спасиме земјата од вртлозите и да го вратиме Израел на вистинскиот пат, рече Бенет, поранешен соработник на Нетанјаху, кој ја споделува неговата националистичка идеологија.

Израелскиот премиер Нетанјаху го обвини неговиот поранешен соработник, а сега ривал, за изведување на измама на векот. Нетанјаху уште еднаш го покани Бенет да и се приклучи на неговата потенцијална коалиција.

Во меѓувреме, стотици демонстранти се собраа пред куќата на Ајалет Шакед, пратеник од партијата на Бенет, по најавата дека Јамина ќе влезе во таканаречената влада на промени против Нетанјаху.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваа „левичарски предавници“ и „нелевичарска влада“ и постери со ликот на Бенет со потписите „лажго“ и „Ајелет предавник“.

Истовремено, десетици лица се собраа на контра-протести со транспаренти на кои пишуваше: „Да за влада на промени“ и „владаа на единството – сега“, и „не за петти избори“.

Израел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.