Кралицата Беатрикс од Холандија во обраќање пред нацијата преку телевизија, најави абдицирање од престолот на 30 април, во корист на нејзиниот син, принцот Вилем-Александер.
Кралицата Беатрикс е на престолот од 1980 година, кога нејзината мајка абдицираше.
Премиерот Марк Рут исто такаќе се обрати на нацијата по говорот на кралицата, соопшти неговиот кабинет. Кралицата Беатрикс е шести монарх од лозата Оринџ-Насау, кој владеел со Холандија од почетокот на 19 век.