Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„КРАЛОТ“ НЕТ КОЛ

0
By Нова ТВ on June 22, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Михаил Мице Бошковски

Нет Кол е еден од плејадата црни музичари и пејачи кои макотрпно ги пробива расистичките бариери што владеат во САД кога трае неговата кариера (1935 – 1965).

Во тој период тој се среќава со многу непријатни ситуации на расистичка основа. Бил вербално навредуван, физички напаѓан и малтретиран, се со цел да се омаловажи како личност и обезвредни неговата музичка активност, само за тоа што бил со црна боја на кожата.

Но, талентот никој не можел да му го одземе, напротив тој станува мега ѕвезда од светски размери, омилен пејач на многу генерации. Па и денеска, кога се слуша неговата музика, не може да се остане рамнодушен на тој прекрасен баритон со карактеристична кадифена мекост, беспрекорна дикција и леснотија при интерптретацијата, како да е тоа наједноставната работа на светот.

И не случајно, на крајот на минатиот век, кога се пребројуваа најдобрите американски вокали, публиката го смести меѓу тројцата најпопуларни пејачи на 20 век заедно со Френк Синатра и Елвис Присли.

Иако, големата слава ја стекнува како пејач, Нет Кол (од обожавателите наречен „Кинг“ – „Крал“), што подоцна го користи како свое средно име, пред се е одличен џез пијанист, еден од најдобрите во своето време. Вокалното изразување го практикувал, но го избегнувал сметајќи дека не му е добар гласот!.

Дури кон крајот на 40-тите кога ги има првите големи вокални хитови, се посветува на пеењето и снима серија џез и поп балади кои во денешно време се сметаат за антологиски.

Нет Кинг Кол е роден како Натаниел Адамс Колс, најверојатно во 1919 г., иако се спомнуваат и други години, во Аламаба. Кога имал 4 години се населуваат во Чикаго. Татко му работи како проповедник во локалната баптистичка црква, во која мајка му свири на оргули која прва го упатува во тајните на клавијатурата.

Од 12-годишна возраст учи музика, а веќе на 15 години го формира првиот џез оркестар со група соученици. Професионално со музика се занимава од 1935 година кога настапува со својот брат, басистот Енди Кол.

Настапуваат главно во ноќни клубови и често одат на турнеи. По една таква турнеја патот го води во калифорнискиот Лонг Бич каде ја запознава танчерката Надин Робинсон со којa се жени многу млад, иако таа е десет години постара од него.

Потоа се сели во Лос Анџелес каде што го формира своето славно „Кинг Кол трио“ со кое стекнува голема популарност токму во периодот кој е познат како „Ера на биг бендовите“. По углед на неговото трио, многумина пијанисти формираат мали состави од кои најпознато е триото на Оскар Питерсон.

Во 1940 г. Нет Кол потпишува договор со новоформираната дискографска куќа „Капитол Рекордс“. Во тој период, на шега се говори дека големата тркалезна зграда во Холивуд е изградена од профитот што компанијата го остварила од изданијата на Кол, што не било многу далеку од вистината.

Во 1947 г. се разведува од првата сопруга со која нема потомство и набргу се жени со пејачката Марија Елингтон која не е во никакво сродство со Дјук Елингтон иако настапувала со неговиот оркестар. Нет Кол и Марија имаат три родени деца и две посвоени.

Натали Кол е првото родено дете во 1950 г. Само по неколку месеци од нејзиното раѓање песната „Мона Лиза“ е бр. 1 на американската топ листа, затоа малата Натали го добива прекарот „Бонбонче“. Во следните 15 години, до крајот на животот Нет Кол ужива голема популарност. Снима преку 20 филмови. Во некои од нив се игра себе си.

Посебно популарен е последниот „Cat Ballou“, што го сними пред крајот на животот од кој како голем хит остана насловната мелодија. Од дискографската продукција од 1944 г. до 1965 г. можат да се избројат преку 40 албуми.

А од големите хитови, покрај спомнатата „Mona Lisa“, вредни за спомнување се: „Nature Boy“, „Too Young“, „Unforgettable“, „Quizas, Quizas, Quizas“, „When I Fall In Love“, „Stardust“ и многу други. Добитник е на повеќе признанија, главно по смртта.

Умира во 1965 г. на 45-годишна возраст од рак на белите дробови. Тој беше страствен пушач кој пушеше по три кутии дневно, исклучиво цигари со арома на ментол. Ке остане запаметен и како прв пејач со црна боја на кожата кој добива своја радио и тв емисија, но тие не траат долго поради стравот на спонзорите да подржуваат уметници црнци.

Неговата ќерка Натали Кол стана славна пејачка. Во 1992 г. ја надснима песната „Unforgettable“ која нејзиниот славен татко првпат ја сними во 1951 г., а 1961 г. сними нова стерео верзија. Од надснимената стерео верзија произлезе прекрасен дует кој доби три Греми награди. Подоцна, Натали истото го направи и со песната „When I Fall In Love“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.