Принцот Хари и Меган Маркл денеска се венчаваат во капелата во дворецот Виндзор, на која присуствуваат околу 600 гости.
Британската кралица Елизабета утрово на принцот Хари му ја додели титулата војвода од Сасекс, соопшти Бакингамската палата.
Тоа значи дека и неговата избраничка, американската актерка Меган Маркл, по денешната венчавка, ќе ја добие титулата војвотка од Сасекс. Меган носи венчаница на Живанши, а до олтарот ја придружуваше таткото на младоженецот, британскиот престолонаследник принцот Чарлс.
Принцот Хари, внук на принцезата Елизабета, е шести во редот за наследство на британскиот престол.
Британската принцеза Елизабета Втора минатата недела официјално даде свој „благослов“.
Според некои проценки, свадбата ќе чини околу 500.000 фунти.