Првиот човек на косовскиот Парламент, Јакуп Красниќи изјави дека ЕУЛЕКС, со апсењето на поранешните припадници на ОВК, докажал дека не е неутрална мисија.
„Со овие акции ЕУЛЕКС докажува дека не е неутрален. Како ЕУЛЕКС да сака да каже дали Албанците предизвикаа војна во Косово и дека се одговорни за него”, вели Красниќи.
Красниќи со оценка дека – акциите на ЕУЛЕКС ги прикажуваат Албанците како агресори, пренесува денеска „Коха Диторе“.
„Цел свет знае кој ги направи воените злосторства во Косово, и ако го погледнеме бројот на луѓе кои се сметаат за одговорни за воени злосторства, тој број е поголем во Косово отколку во Србија”, изјави Красниќи.