Како дел од програмата на Скопскиот филмски фестивал, во кино „Милениум“ вечерва од 18 часот, ќе бидат прикажани четири нови кратки македонски филмови, при што влезот ќе биде бесплатен
Предвидена е проекција на „Игра и спас“ во режија на Горан Тренчовски и во времетраење од 15 минути, по што ќе следи „Шумарот“ на Изер Алиу во времетраење од 25 минути, по него ќе се прикаже „Кружното патување на сенката“ од седум минути на Жарко Иванов, и на крај проекција на „Шшшт.. Запеј ми“ од 35 минути и во режија на Андреј Волкашин и Петар Влчев.