Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Креативните индустрии – мост на иднината меѓу културата и креативната економија

0
By Mirjana on November 2, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Масовно јавно финансирање и приватни инвестиции се неопходни за спас на културните и креативните индустрии, продолжување на поддршката и сите грантови, како и изнаоѓање на нови начини на финансирање и правни рамки за зајакнување на креативната економија. Ова се дел од заклучоците што произлегоа од дводневниот Трет форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО на тема „Креативните индустрии – мост на иднината меѓу културата и креативната економија/КОВИД-19 предизвици“ што викендов се одржа во Битола. Во рамките на двата дена високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во креативните индустрии и филм, се претставија, разменија искуства и разговараа за можности за соработка и излез од кризата која ја наметна пандемијата на една од, дотогаш, најбрзо растечките економии во светот.

Вториот ден го отворија претставниците од мрежата на филмски градови на УНЕСКО кои презентираа примери како токму централните, но и локалните власти и нивната поддршка имаа клучно влијание за рестартирање на филмската индустрија која има огромно влијание за локалната економија.


Алан Дуган од Галвеј, ирскиот град кој е член на мрежата на филмски градови на УНЕСКО од 2014 година, рече дека влијанието кое го имаше ковидот не беше само врз локалниот развој, туку и врз продукцијата, но дека во соработка со властите постојано работат во насока на градење капацитети и одржливост.

– За нас беше клучно да продолжи поддршката и сите грантови и помош за финансирање за помош на сите вклучени во филмот. Ковид кризата донесе и дополнителни предизвици. Ние успеавме финансиски и буџетски да пренамениме средства за онлајн настани. Но, тешкото е тоа што како излегуваме од кризата одиме кон хибридни настани и тоа го дуплира трошокот. Сигурно и вие како организатори се соочувате со истиот проблем кога треба да ги подмирите трошоците и за физичко организирање и истовремено дополнителен трошок за онлајн пренос. Нашите власти одобрија дополнителен буџет за дополнителни проекти што беше директна помош за иницијативи. Таа поддршка ни беше клучна – рече Дуган.

Жорди Хернандез од Тераса нагласи дека новите технологии сосема ја менуваат филмската индустрија и дека мора брзо да се прилагодуваме, а немаме простор за многу грешки.
-Има многу и за и против, а факт е дека се парадигмата се менува. Мислам дека имаме можности, но треба да направиме доста. Потребни ни се глобални алијанси. Како креативни градови имаме креативна визија и треба да бидеме линкот и гласот за помалите играчи во индустријата.

Лиза Навроцки од Потсдам рече дека тие имаат филмска инфраструктура, дури и филмска градинка. Пандемијата имаше огромен импакт на животот и креативниот сектор, но имале голема помош од локалните власти, асоцијации, универзитети и музеи соработки, се во насока на помош и развој на филмската индустрија во градот, како и во насока на одржливост.

Аника Ким од Бусан, Јужна Кореја, дополни дека и кај нив филмската индустрија наишла на огромна поддршка не само од централната влада и Корејскиот филмски совет, туку и од локалните власти.

Наташа Кучера од Сараево, пак, рече дека лани ги насочиле нашите напори за разговор со локалните власти и приватни инвеститори за да им ги претставиме предизвиците од воведување нови закони и модели за продукција и да ги убедат дека филмот не е само потрошувач на пари, туку може да ја помогне локалната економија, да креира нови работни места итн.
-Како плод на овие разговори очекуваме деновиве да се донесе нов закон за филм кој ќе отвори врати за нови регулативи за враќање на данок за продукција како една од единствените земји во регионот – рече таа.

Дејвид Вилсон од првиот филмски град на УНЕСКО, Брадфорд истакна дека има некои позитивни работи кои произлегоа од пандемијата и дека работат особено на намалување на загадувањето што го предизвикува снимањето филмови во насока на „позелени“ продукции.

– Научивме многу лекции од рестрикциите. Една од позитивните работи, е тоа што успеавме со помош на градските власти парите што се трошеа за состаноците на градскиот совет во Брадфорд да го пренамениме за филмски содржини и да финансираме 37 филмови од кои два се прикажуваат токму во Битола за време на Форумот. За нас како филмски градови особено е важна соработката и видливост на нашите продукции во останатите членки на мрежата – истакна Вилсон.

Во истата насока зборуваше и Гуан Јанчју од Чјингдао, која рече дека партнерствата и соработките со филмските градови им се особено важни и дека секоја година со заеднички напори од филмските градови ја издаваат и т.н. Сина филмска книга.

Билјана Генова од Софија рече дека една од клучните политики на Софија е развој на културата, подобрување на пристап кон културата и поддршка на креативците. А, пак, Диана Андреева – Попјорданова ја дополни претставувајќи бројки за економскиот импакт од филмот којшто тие го истражуваат секоја година. Таа додаде дека во периодот 2020-2021 три пати е зголемен фондот за финансирање на бугарската филмска индустрија и изнесува 21 милиони евра, а воведени се и нови шеми за финансиски стимулации.

Форумот беше одлична можност да се направат паралели меѓу искуствата на останатите градови-членки на мрежата на филмски градови на УНЕСКО и Битола, а со тоа и нашата земја. Домашните претставници се согласија дека се оставени да се снаоѓаат на креативни начини да ги реализираат своите активности и на публиката да ѝ понудат културна понуда. Дел добиваат финансиска поддршка преку годишните програми за поддршка, дел се пожалија на недостатокот од локална поддршка од општините во кои делуваат, а генералната слика е дека има се помалку пари за културата секоја година. Во услови кога во останатите земји се засилува финансиската поддршка, кај нас буџетите се преполовени за разлика од годините пред кризата. Целта на Форумот е да послужи и како платформа за очекувањата и разочарувањата на домашните културни претставници да допрат до повисоките инстанци задолжени за креирање на културни политики и распределба на буџетски средства.

На првиот ден се претставија повеќе домашни учесници и беа организирани проекции на филмови од филмските градови на УНЕСКО, како и посета на возобновеното кино Манаки и Офицерскиот дом. Форумот го отвори Весна Ристовска, претседател на Здружението за филмска уметност Центар за филм Битола, организатор на настанот, а се обрати и Љупчо Смилев, советник за планирање на регионална и мултилатерална културна соработка во Секторот за меѓународна соработка и соработка при Министерство за култура.

Форумот на едно место и во услови на пандемија успеа да собере повеќе од 30 домашни и странски учесници со поддршка од УНЕСКО преку Министерството за култура на Република С. Македонија во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година.

Креативни индустрии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.