Посмртните останки на колумбијскиот писател Габриел Гарсија Маркес се кремирани во четвртокот, истиот ден кога почина во Мексико Сити, пишуваат локалните медиуми.
Колумбијскиот амбасадор во Мексико, Хозе Ортис соопшти дека кремацијата е веќе извршена, без да дава други детали.
– Габо је кремиран на Велики Четврток, јави колумбиското радио Каракол.
Сепак, според колумбискиот амбасадор, семејството на Маркес, кое подолго време живее во Мексико, сеуште не одлучило дали пепелта ќе биде пренесена во Колумбија.
– Семејството ја поседува урната и сега одлучува дали Маркес ќе почива во Колумбија или само еден дел од пепелта ќе биде пренесен таму, вели Ортис.
Габриел Гарсија Маркес, добитникот на Нобеловата награда за книжевност и еден од најзначајните писатели на шпански јазик, почина во четвртокот во својот дом на 87 години.
Автор е на многу познати дела, помеѓу нив, најпознатите „Љубов во време на колера“ и „Сто години самотија“.