Група на жители од украинскиот полуостров Крим, се собраа денеска извикувајќи дека демонстранти во Киев се „бандити кои се обидуваат да состават нова влада“ со слоганот „Русијо, спаси не!“, а руските знамиња беа закачени на зградата на Врховниот суд во Симферопоље.
Во Киев денеска ќе биде одржано собрание на демонстрантите на кое ќе биде предложен составот на новата влада, соопштија од здружението „Мајдан“.
Активистите на западноукраинскиот град Лавов им предложија на жителите денеска да зборуваат на руски јазик, во знак на солидарност со истокот и југот на земјата, пренесува Итар тас.
Привремениот претседател на Украина, Олександер Турчинов ја презеде должноста началник на вооружените сили во Украина, објавува сајтот на претседателот на Украина.
На местото началник на генералштабот на украинската војска, на кое до сега беше генерал – потполковник Владимир Заман, е именуван адмиралот Јуриј Иљин.
Предходно беше распуштена специјалната полициска единица за разбивање демонстрации Беркут.
Во интервју за „Дневни аваз“ лидерот на украинската опозиција Виталиј Кличко оцени дека протестите во БиХ како и во Украина се предизвикани од акутни социјални проблеми.
Според него протестите во Украина биле целосно мирољубиви првите два месеци, но дека власта не сакала ниту да ги слушне барањата на демонстрантите. „Во Украина власта ја премина црвената линија и народот ја натера да отстапи“, вели Кличко.
Новата преодна влада треба да биде назначена за две недели, а кампањата за претседателските избори закажани за 25 мај веќе е во тек.
Официјалниот биланс на жртвите по судирите меѓу демонстрантите и полицијата е 82 луѓе.