Новоименуваниот шеф на морнарицата на Украина се заколна на верност кон областа Крим, во присуство на непризнаен про-руски лидер, јавува Би-Би-Си.
Адмирал Денис Березовски е именуван за шеф на морнарицата во саботата, откако Владата во Киев реагираше на заканата од руската инвазија.
Руските трупи го консолидираат нивното присуство на Крим, што е дом на Црноморската флота.
САД ја предупреди Москва дека може да биде исфрлена од Г-8 за акциите кои ги презеде.
Американскиот претседател Барак Обама распоредувањата на руските трупи го нарече “кршење на украинскиот суверенитет”.