Околу 93% од гласачите во Крим го поддржаа влезот на Русија и отцепување од Украина, според анкетите по гласањето цитирано од руските новински агенции, јавува Би-Би-Си.
Гласачките места беа затворени во 18:00 ГМТ и претставниците го поздравија “рекордниот” одзив на гласачите. Прелиминарните резултати се очекуваат за неколку часа.
Многу противници го бојкотираа гласањето, кое е одбиено од страна на САД и ЕУ и прогласено за нелегитимно.
Про-руските сили ја презедоа контролата на Крим во февруари, откако про-Москва претседателот на Украина Јанукович беше симнат од власт.
На гласачкото ливче, гласачите беа прашани дали тие би сакале Крим да се приклучи на Русија.
Второто прашање -дали Украина треба да се врати во својот статус, во рамките на уставот од 1992 година, со ќе му даде на регионот многу поголема автономија.
Немаше опција за оние кои сакаа уставната ситуација да остане непроменети.
Етничките Руси сочинуваат 58,5% од населението во регионот, и многу од нив се очекува да гласаат за приклучувањето на Русија.
Има 1.500.000 гласачи и непотврдените извештаи велат дека одзивот бил 80%.