95,5% од гласачите во Крим го поддржаа влезот во Русија, изјавија официјални лица, откако гласовите беа изброени во спорниот референдум.
Лидерот на Крим Сергеј Аксунов вели дека ќе бара да се приклучат на Русија во понеделник. Рускиот лидер Владимир Путин изјави дека ќе ги почитува желбите на луѓето од Крим.
Многу граѓани на Крим лојални на Киев го бојкотираа референдумот, а ЕУ и САД го осудија како незаконски.
На гласачкото ливче, гласачите беа прашани дали тие би сакале Крим да се приклучи на Русија.
Второто прашање -дали Украина треба да се врати во својот статус, во рамките на уставот од 1992 година, со ќе му даде на регионот многу поголема автономија.
Немаше опција за оние кои сакаа уставната ситуација да остане непроменети.
Етничките Руси сочинуваат 58,5% од населението во регионот, и многу од нив се очекува да гласаат за приклучувањето на Русија.
Има 1.500.000 гласачи и непотврдените извештаи велат дека одзивот бил 80%.
Про-Москва поддржувачите
Сергеј Аксунов
За етничките Татари, недела беше обичен ден- тие го бојкотираа рефрендумот