НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крипто-валути: Од желба за брза заработувачка, до колапс

0
By Нова ТВ on February 20, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не се оптимистички проценките на светските економисти за судбината на крипто валутите, меѓу кои и на биткоинот. Во Македонија, на граѓаните законски им е забрането вложување на странски берзи и поседување на сметки во странски банки,  но не е мал бројот на луѓе кои вложија во купување на виртуeлни “пари“, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk . На почетокот од годината се случи вистински колапс на пазарот со крипто валути, чија вредност се преполови а некои од нив и целосно се урнаа.

По декемрискиот пик – уривање на биткоинот..

“Генерално, за крипто-валутите, можам со сигурност да кажам дека ќе имаат лош крај. Кога и како ќе се случи не знам, но ќе имаат лош крај.“ – вели Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе на светот, човек кој ја носи титулата на топ инвеститор.

Вртоглавиот пад на вредноста на најпопуларниот биткоин, кој се случи во јануари, финишираше со цена за една монета од 9 966 долари на крајот од претходната работна недела. Според податоците што и анализираше “Порталб“ од 100 крипто валути, повеќе од половина сеуште имаат “црвен предзнак“, односно вредноста им е во пад. Престижниот “Блумберг“ напиша:  “Јануари беше месец на страдење за инвеститорите во крипто-валути“. Имено, на последниот ден во јануари, биткоинот изгуби повеќе од 50% од својата вредност во однос на пикот  во декември, од 20 000 долари за монета се спушти  под 10 000 долари.

“Има многу паника на пазарот. Луѓето прават се за да ги повлечат своите пари„ – изјави Чарлс Хајтер, основач на Cryptocompare, кој во сито време  поседува и  cryptocurrencies.

Драматичниот пад на вредноста на крипто-валутите се случи по најавите  за можни рестирикции во трговијата со дигиталните пари. Вакви сигнали пратија Јужна Кореја и Кина,  а за слично законско решение се размислува и во САД.  За иднината на крипто валутите, регулација и  глобална координација,  се очекува да се  расправа на претстојниот самит  Г20 кој ќе се одржи во март, во Аргентина.

“Крипто-валутите“ – коцкање со голем ризик

Законската регулатива во земјава не дозволува вложување на македонски граѓани на странски берзи. Забрането е и поседување на сметка во странска банка. Оваа регулатива од старт го ограничува легалното поседување на крипто-валути, тоа е дури и санкционирано, односно казниво по закон, велат економистите.

“Со Законот за девизно работење се санкционира вложување на странски бези и поседување на сметка во странство. Ова важи се додека не помине втората фаза од Договорот  за асоцијација и стабилизација со Европската унија, а тоа поради спорот за името од Грција, сеуште е заглавена“, вели економистот Павле Гацов и додава:

“Крипто валутите се имагинарни пари. Зад имагинарните пари стојат имагинарни лица со имагинарен имот и такви финансии. Токму имагинарноста ги прави ранливи овие валути. Зад нив не стои ниту една светска економија, ниту некаков авторитет, односно регулатор. Имено, приватни лица и приватни интереси се поврзани со овие валути и нивната вредност е зависна од тие лица и нивните интереси. Вредноста на криптовалутите не е подложна на регулација од монетарни авторитети и затоа е нестабилна, односно тие претставува предмет на финансиски шпекулации и затоа имаат вредност која лесно и брзо се менува. Вредноста зависи главно од движењето на страната на побарувачката за оваа валута и речиси од ништо друго познато на заинтересираната јавност“.

Законски е ограничено, но премолчено, има граѓани кои поседуваат крипто-валути. Не е исклучено дека меѓу нив се и познати личности. Дел од експертите велат дека вложувањето во дигитална валута е детерминирано од повеќе фактори, бидејќи се работи за нестабилен, нерегулиран односно шпекулативен пазар, пришто  самото вложување во виртуелни валути се поистоветува на  коцкање со визок ризик.

“За разлика од националните и меѓународно прифатените конвертибилни валути чија вредност се брани, односно се управува од страна на монетарни власти на одделни земји, вредноста на криптовалутата не може да се брани со вакви организирани монетарни механизми. Нејзината вредност всушност претставува кајче кое е затечено во силна поморска бура, без објективни процени за исходот. Овие валути немаат иднина, барем засега. Ова ќе важи се додека зад нив не застане организиран меѓунарореден финансиски систем или една или повеќе економски силни земји. Засега ваква можност не е ниту на повидок“ – вели Гацов.

Во пикот на “брзата заработувачка“, кога цената на крипто валутите почна да расте заедно со информациите дека и македонски граѓани посегнаа по купување на дигиталните монети, со предупредување излезе Народната банка.

“Поради рапидното зголемување на интересот за инвестирање во виртуелните (крипто) валути, нивната цена многу брзо расте, а финансиско средство чија вредност многу брзо се зголемува станува шпекулативно, односно меур кој порано или подоцна ќе пукне“ –  посочија од НБМ.

Различни беа толкувањата во јавноста за ваквите законски рестирикции, со оглед на тоа што во земјите од Европа, освен во Македонија и Албанија, крипто-валута може да се купи онлајн, со картичка. Во Пришина, на пример,  постојат  специјални банкомати од каде можат да се купат крипто-валути.

И покрај тоа што во рамите на Европа и пошироко, не е доведена во прашање  легалноста на дигиталните валути, тие остануваат “ризичен финансиски терен“ за оние кои ќе одлучат да вложат во нив.

„Тргувањето со дигиталните валути се врши преку платформи кои најчесто не се регулирани и чиишто правила за работење се предмет на чести измени, па дури и запирање со работа без најава ниту објаснување. Не постои никаква правна заштита за средствата кои се вложени преку овие софтверски платформи, ниту пак постои механизам за обесштетување на клиентите, како што е тоа случај со депозитите вложени во банка. Купените крипто валути се чуваат на виртуелна сметка или т.н. дигитален паричник, кој е и најчеста мета на хакерските напади, што може да предизвика директна загуба за вложувачите“, објаснија од НБРМ.

На почетокот на 2010 година цената на еден биткоин изнесуваше 0,003 долари, а денес изнесува 10 000 долари.  По вртоглавиот пораст се случи и вртоглав пад, што потврди дека сеуште се работи за шпекулативен пазар каде речиси е невозможно да се предвидат очекувањата, коментираат економистите. На последниот работен ден од минатата недела, битониот покажа раст, но во црвено беа обени повеќе од 50- на други крипто валути. Така, Litecoin падна за 6,29%, Zchas за 1,90% а Maker за 1,62%.

криптовалути
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.