Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кристерсон од Вилнус: По 200 години неврзаност, бараме заедничка заштита

0
By Ана Василевска on July 11, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Улф Кристерсон
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изрази надеж дека наскоро ќе пристигнат последните две верификации за членството на неговата земја во НАТО, и од самитот на НАТО во Вилнус им порача на турскиот и унгарскиот премиер дека верува оти сега се отстранети сите пречки.

– Се договоривме за заедничка изјава. Добро е познато дека Шведска по 200 години неврзаност бара заедничка заштита. Но, сакам и сите сојузници на НАТО да знаат дека ние обезбедуваме и сигурност што обезбедува заедничка безбедност. И ние сме тука на долг рок. Одлучни сме во борбата против тероризмот, одлучни сме во борбата против организираниот криминал. Така, мислам дека и Шведска има што да донесе на маса. Затоа, јас сум многу задоволен од резултатот вчера, и со нетрпение ги очекувам последните две ратификации. Позицијата на Шведска да има блиски врски меѓу Европа и Турција е добро позната. И сега промовираме поблиски економски врски, ја модернизираме царинската унија, обезбедуваме подобри визни регулативи и така натаму. И мислам дека има плодна почва за поблиска соработка. Мислам дека ќе се задржам на вчерашната формулација на Јенс Столтенберг „што е можно поскоро“. Мислам дека тоа обезбедува рамка за процесот што претстои. Неодамна разговарав со унгарскиот премиер, па се чувствувам многу сигурен во неговите изјави што ми ги даде, рече Кристерсон.

Тој делумно се осврна и на турските барања кои го поврзуваа членството на Шведска во НАТО со тоа на Турција во ЕУ.

– Мислам дека, како што реков, шведскиот став за соработка меѓу ЕУ и Турција е повеќедецениски, така што тоа не е ништо ново. И дури неодамна, ние во ЕУ се договоривме за формулацијата дека во текот на есента оваа година ќе ги рестартираме разговорите како да се врати подобрата соработка со Турција. Така, би рекол, ништо не е поради тоа, но добро е, изјави шведскиот премиер.

Техничкиот проблем за ратификацијата во парламентите на Турција и Унгарија ќе биде што и двата парламента се на летен распуст, па веројатно ќе треба да се почека уште малку на ратификацијата.

самит на НАТО 2023 Улф Кристерсон Шведска во НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.