Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица за злоупотреба на службената положба и овластување

0
By Marija Todorovska on May 13, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Д.Ф. (67), К.Г. (37), Ј.И. (64) и И.С. (41), сите од Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавените со нивните дејствија причиниле штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 116.576,9 американски долари.

Како што информира денеска МВР, пријавениот Љ.Д.Ф. во својство на шеф на Постојаната мисија при ООН во Њујорк, во периодот од април 2022 година до октомври 2024 година ја злоупотребил службената положба и овластување и постапил спротивно на инструкцијата од Министерството за надворешни работи и мислењето од Министерство за финансии.

Љ.Д.Ф. од уплатените парични средства во вкупен износ од 3.998.721,72 американски долари на сметката на ПМ на РСМ при ООН во Њујорк по однос на заедничката продажба на сукцесиски објект на СФРЈ во Њујорк, на сметка на буџетот на РСМ уплатил парични средства во износ од 3.940.000,00 американски долари, односно преостанатите парични средства на сметката на ПМ на РСМ во Њујорк во износ од 58.721,72 американски долари од продажбата на сукцесискиот имот не ги уплатил на сметка на буџетот на РСМ. Овие средства, незаконски и ненаменски ги потрошил и постапил спротивно на Правилникот за финансиско и материјално работење, Упатството за водење на финансиското и материјалното работење, Правилникот за плата, додатоци на плата и надоместоци на определени трошоци и Интерната процедура за начинот и постапката на планирање, спроведување и реализација на јавните набавки, стои во соопштението.

Покрај ненаменски потрошените 58.721,72 американски долари од продажба на имот Љ.Д.Ф., како што се наведува, со незаконското и ненаменско користење на буџетските средства по основ на земени аванси за службен пат, помалку вратен депозит за резиденцијата на амбасадорот, пречекорувања на дозволениот износ за мобилен телефон, како и неоправдани и дупли плаќања на одредени сметки за телефон, нерасчистено салдо во касата на ПМ на РСМ при ООН во Њујорк, направени издатоци за репрезентација повеќе од дозначените средства, подигнати парични средства од касата на ПМ за поправка на службено возило без претходна согласност од МНР, причинил материјална штета во износ од 57.855,18 американски долари.

Пријавените К.Г., Ј.И. и И.С. во својство на сметкополагачи во Постојаната мисија при ООН во Њујорк ја злоупотребиле службената положба и овластување.

Тие иако биле должни согласно законските прописи да ракуваат со одобрените средства и туѓите средства, да ја проверуваат сметководствената точност на документот врз чија основа се издаваат налози за исплата, да изготвуваат точно и ажурно извештаи за финансиско и материјално работење на претставништвото и нивно навремено доставување до МНР, да учествуваат  во составување на предлог годишниот финансиски план и негово следење при извршувањето, да вршат други работи од финансиско-материјалното работење по барање на МНР, да преземаат соодветни мерки за наменско и законско користење на средствата на претставништвото, да вршат контрола на приходите од конзуларни услуги во претставништвото и да вршат усогласување на состојбата на паричните средства на жиро-сметката и благајната на крајот на секој месец, со неизвршување на своите службени должности противзаконски му исплаќале парични средства од благајната, вршеле плаќања од банкарската сметка на ПМ на РСМ при ООН во Њујорк и не ги евидентирале неправилностите направени од страна на пријавениот Љ.Д.Ф. во однос на располагањето со финансиските средства, се вели во соопштението.

Фрчкоски денеска во писмена реакција наведува дека власта и Министерството за надворешни работи направило срамна, банална и полна со неточности кривична пријава за, како што вели, да изврши притисок врз неговите јавни настапи кои се критички кон власта.

злоупотреба на службена положба Кривична пријава МВР Фрчковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.