Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичниот суд има 9 дена за одлука- Дали Груевски оди во затвор

0
By Соња Петрушевска on October 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До петок, судија за извршување санкции во Кривичниот суд има рок да одговори на жалбата што ја поднесоа адвокатите на екс премието Никола Груевски за одложување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев на брифинг со новинарите кажа дека до Судот денеска пристигнала жалбата од адвокатите која била испратена преку пошта во понеделникот.

Доколку жалбата биде одбиена, Груевски има нов рок од три дена да поднесе жалба до Кривичниот совет кој одлучува исто така во рок од три дена. Целата оваа постапка во максимални рокови би требало да заврши за 9 дена, односно до 8 ноември, кога е крајниот рок до кога Груевски треба да се пријави на издржување на казната затвор во Шутка.

Џолев не сакаше да ги коментира причините кои ги навеле адвокатите на Груевски за одложување на пресудата.

Во Законот за извршување санкции пишува дека одложување на казната затвор може да се бара по неколку основи: Ако осудениот се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест, се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото лице, одлагањето е потребно заради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи,  осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета најдолго за три месеца, одлагањето на осуденото лице му е потребно заради завршување на училишната година или за полагање на испит за кој се подготвувало најдоцна до завршување на училишната година и шест месеци за испит;  заедно со осуденото лице се осудени неговиот брачен другар или други членови на заедничкото домаќинство,  осуденото лице  е потребно одредено време да се грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи.

Неофицијално, причините поради кои Груевски бара да не оди в затвор се обврските кои ги има како пратеник поради процесите во Собранието поврзани со уставните измени, како и докторатот кој го бранеше летоска, односно врз основа на тоа дека пишува книга.

Барањето на адвокатите на Груевски за вонреден правен лек за преиспитување на пресудата за „Тенк“и Врховниот Суд да дозволи одложување на затворската казна, се додека не одлучи по вонредниот правен лек, се уште не е испратено до Врховниот суд. Како што обајсни претседателот на Основниот суд Џолев целата документација за  предметот „Тенк“ е во Судот, затоа што течат рокови за редовен правен лек на Јанкуловска.

Иван Џолев претседател на Основен суд

„Во предметот имаше издвоена постапка за Гордана Јанкуловска и беа користени истите докази. И сега течат роковите за редовен правен лек на Јанкуловска до Апелација. Ако во меѓувреме Јанкулоска поднесе жалба до Апелацискиот суд Скопје, ние како суд веднаш ќе направиме фотокопии од предметот за Врховниот суд за да може да постапува, а  оригиналите ќе бидат испратени  во Апелација, бидејќи редовните правни лекови имаат предност пред вонредните“, рече претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев, на брифингот со новинарите.

Рокот на Јанкуловска да поднесе жалба на пресудата на Основниот суд за Тенк истекува на 6 ноември.

Претседателот на Судот, исто така напомена дека согласно Членот 466 од Законот за кривична постапка надлежност за одлучување по барањето за одложување на затворската казна имаат два суда – Првостепениот суд или Судот надлежен да одлучува по барањето да се одложи затворската казна, односно Врховниот суд.

Доколку Судот го одбие барањето за одложување на издржување на затворска казна и Груевски на 8 ноември замине в затвор, тој има можност да излезе од таму ако потоа Врховниот суд ја укине пресудата и одлучи предметот да се врати на повторено судење, а со тоа да се прекине и издржувањето на затворската казна.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.