Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Криза со инсулин: Децата на терапија од донација со рок до септември

1
By Менче Атанасова Точи on August 10, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Децата и пациентите со дијабетес  тип 1 веќе две недели користат инсулин чиј рок на употреба истекува во септември.  Инсулинот е донација од преставништвото на компанијата производител, откако во државата се потрошија залихите и снема инсулин НовоРапид.

Околу 1200 скатули и пенкала  во количини за едномесечна потреба од инсулинот НовоРапид  беа донирани од компанијата производител откако пред две недели во државата снема инсулин.

Во претставништвото за НОВА потврдија дека дале донација за едномесечни потреби бидејќи во државата биле исцрпени  потребните количини.

Неофицијално, Министерството за распишало оглас за интервентен увоз но, понудата  не била прифатена бидејќи инсулинот бил со краток рок.  Нема потврда дали се ова истите инсулини кои биле понудени при интервентниот увоз, а потоа се прифатени како донација.

Во Сојузот на дијабетичари на Македонија креваат раменици и велат дека чекаат министерот Филипче да се врати од одмор.

„ Реагираат пациентите на социјалните мрежи. Инсулинот е пред истек на рокот на употреба, а треба да имаат минимум три месеца рок пред издавање. Чекаме да се врати министерот од одмор па да добиеме одговор што се случува“, изјави за НОВА , Бојан Киров претсдеател на Сојузот на дијабетичари на РМ.

Пациентите се револтирани. На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од инсулинот и коментари дека го примаат деца.

„Еве и мене што ми дадоа . Пред да земам јас , истите вакви инсулини му ги дадоа на 16 годишно момче “, напиша Ели Пирита од Битола.

„Не ја обвинувајте компанијата производител за оваа состојба. Тие само донираа и си ги исчистија залихите пред истек на рокот. Зошто поништувањето на лекови со поминат рок чини пари, а вака се ослободија од инсулините без пари. И кој знае од кога се резервите штом рокот истекува. Пред неколку години инсулините имаа рокови минимум две години, а овие се скоро неупотребливи( за две -три недели). Сега што ќе правиме ??? Ќе си го чекаме новиот тендер. Тоа е. Еден месец има залихи на инсулин“, напиша една пациентка во својот коментар на Фејсбук.

Од  Министерството за здравство за НОВА велат дека се завршени подготовките и тендерот за инсулини ќе биде распишан на почетокот на следната недела .

„ Тендерот за инсулини ќе биде распишан на почеток на следната недела, сите претходни подготвителни работи се завршени. Инсулинот кој е со рок на траење до 30.09.2018 година веќе е потрошен во месец јули или го има во многу мали залихи во  неколку инсулински аптеки. Пациентите се снабдени со инсулин во рок. Пациентите се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од 26-30 денови“, се вели во одговор на Министерството за здравство.

Од таму велат дека од 15 август ќе има инсулини Новорапид со рок на траење повеќе од 12 месеци и дека нема да дозволат да има недостиг на инсулини.

Тедерот за инсулини е двегодишен, а процедурите околу неговорото распишување некогаш траат и по три месеци, вклучувајќи го тука и рокот за жалби. Пациентите се загрижени за снабдувањето со инсулини бидејќи праксата е три месеци пред истекот на рокот на стариот тендер да заврши процедурата од новиот и за има доволно инсулини во државата.

Ова не е првпат да има има криза на инсулин во последната година.  Во октомври минатата година имаше недостиг на инсулини, а пациентите во паника си позајмуваа преку социјалните мрежи.

Тогашниот заменик министерот за здравство, а сега координатор за здравство во Владата, Гоце Чакаровски тврдеше дека инсулинот не бил навреме доставен заради пречки во транспортот. Пред Нова година од Министерството за здравство  уверува дека инсулинска криза нема, а признаа дека инсулини биле набавени преку донација.

„Ќе се потрудиме во иднина редовно да добиваат квалитетен инсулин. Денес сум тука да го потврдам тоа“, рече тогаш Чакаровски.

Гоце Чакаровски, национален координатор за здравство во Владата на РМ

Во март годинава од ресорното Министерство не уверуваа дека се прават последните подготовки и анализа за потребните количини на инсулини, игли,  мерачи, ленти.  Од тогаш  до денес поминаа цели пет месеци, а тендерот со инсулини се уште не е распишан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.