Кси Џинпинг е новиот кинески претседател. Тој формално е избран за претседател откако минатата година ја презеде функцијата претседател на Комунистичката партија и лидер на силите за безбедност.
Со официјалното именување на Џинпинг, се комплетира и второто последователно претседателство, после Ху Џинтао, на Комунистичката партија, по преземањето на власта во 1949.
Во Националниот конгрес на Кина, 2.952 пратеници од 3000 членови гласале за Кси Џинпинг.
За заменик – претседател Кина го избра Ли Јуанчао, а нов шеф на парланментот е Жанг Деџианг. Утре формално се избира и новиот шеф на владата, Ли Кекиjанг.
Сите одлуки се однапред донесени од страна на партиското раководство.
Меѓу другото, усвоен е и план за реконструкција на министерствата и нивно намалување на 25.
Спроведувањето на спорната политика за едно дете и понатаму ќе биде контролирано од Министерството за здравство.
Иако мандатот на новото партиско раководство е пет години, тоа ќе остане на врвот на најголемата држава во следната деценија.