Откако минатата година Финска на своите аеродроми постави кучиња обучени да „препознаваат“ патници со коронавирус, се повеќе земји ги користат овие животни односно нивното чувство за мирис,за да ги стават во функција на заштита од Ковид-19.
Најновата вест, за која јавува Ројтерс е дека Австриската војска истренирала две кучиња кои поприлично успешно се оспособиле да го намирисаат вирусот. и тоа со висок степен на точност.
Како што изјавила министерката за одбрана на Австрија, Клаудиај Танер, војската сега во целост обучила две кучиња, белгиски овчар и ротвајлер, да откријат коронавирус откако намирисале повеќе од 3.000 примероци, вклучувајќи користени маски за лице, со стапка на успешност повисока од 80 проценти
“Одамна знаеме дека нашите службени кучиња можат да намирисаат разни материјали…Но тоа што го постигнавме тука е нешто многу посебно”, рекла Танер на прес-конференција.