Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќучук: Северна Македонија стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан

0
By НОВА ТВ Balaban on September 8, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија има посебно место во моето срце за нејзините прекрасни луѓе со кои имав можност да се сретнам и за извонредното гостопримство во кое отсекогаш уживав во моите бројни посети, вели Ќучук

Специјалниот известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук упати честитка до граѓаните по повод Денот на независноста посочувајќи дека нашата земја стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан.

– Северна Македонија има посебно место во моето срце за нејзините прекрасни луѓе со кои имав можност да се сретнам и за извонредното гостопримство во кое отсекогаш уживав во моите бројни посети. Знам дека постигнувањето независност на мирен начин е извор на особена гордост за сите вас, а особено сум горд што мојата земја Бугарија беше првата земја  што ја призна независноста, вели Ќучук.

Овој ден, не само што ја означува независноста на Северна Македонија, туку покажува, вели тој, и колку сте постигнале од 8 септември 1991 година.

– Вашата издржливост и успеси во последните три децении се од ваша сопствена одлука. Не дојдоа однадвор. Како и секоја млада демократска земја, поминавте низ тешки времиња, но денес, можете да славите поради единството и хармонијата меѓу луѓето. Северна Македонија стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан, посочува специјалниот известувач во Европскиот парламент Ќучук.

Тој дополнува дека со единство и почит еден кон друг, вредности кои се силно застапени во владата на премиерот Зоран Заев, напредокот е неизбежен.

– Веќе го проследивте вашиот стратешки пат со членството во НАТО и заслужено добиената покана за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија се историско достигнување и убеден сум дека ќе ја видиме Северна Македонија таму каде што припаѓа – како составен дел дел од европското семејство. Јас навистина верувам во светлата иднина на вашата земја, бидејќи успехот е во ваши раце и на помладата генерација, порачува Ќучук.

Илхан Ќучук честитка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.