Кумановец на возраст од 34 години е осомничен дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, додека 37-годишна жителка на Свети Николе е под истрага бидејќи му помогнала при изршувањето на кривичното дело.
Основното јавно обвинителство Велес донeсе наредба за спроведување истражна постапка против двете лица откако на 15 март, на автопатот Скопје-Велес, крај наплатна рампа Сопот, полициски службеници откриле 33,82 грама хероин во нивното возило „Рено меган“. Сопатничката е осомничена бидејќи му го ставила на располагање автомобилот кој бил во формална сопственост на нејзината тетка.
На кумановецот му е определен 30 – дневен притвор.