Главниот државен здравствен инспектор на Бугарија, Ангел Кунчев изјави дека во државата има промена во трендот на ширење на Ковид-19. Тој вели дека се зголемуваат новозаразените случаи и оти сега секое трето лице е заразено со делта сојот. Според него, овој месец постепено ќе се зголемуваат случаите, а во август многу побрзо.
Меѓу земјите, кои ги наведе тој, а моментално имаат најмногу заразени се оние кои во летниот период се атракитивни туристички дестинации, како Кипар, Шпанија, Португалија и Грција.
„Во моментов, на 14 дневна основа, случаите во Бугарија се 141 на еден милион луѓе, во Велика Британија има 8.300, а во Кипар – 15.000 на еден милион луѓе“, изјави Кунчев.
Според Кунчев, доколку се почитуваат рестриктивните мерки при граничната контрола, може да се забави ширењето на делта сојот, што веќе доминира во повеќе од 50 % од случаите во Европа.