Камерун и Египет ќе играат во финалето на Купот на африкански нации (КАН) што се одржува во Габон. Камерунците во полуфиналето во Франсвил ја совладаа Гана со 2:0, Египќаните, пак, ја елиминираа селекцијата на Буркина Фасо по подобро изведување на пенали со 4:3. Мечот во регуларниот дел заврши 1:1.
Египет е рекордер по бројот на освоени трофеи на КАН. Досега го има седум, последниот го понесе во 2010 година, а во недела (20 ч.) ќе игра во деветтото финале на континенталните турнири.
Камерун по седми пат е финалист во натпреварувањето од кое четири пати излегуваше како победник.
Во мечот за бронзениот медал на Купот на африкански нации во сабота (20 ч.) ќе играат Гана и Буркина Фасо.
Куп на африкански нации
Полуфинале
Камерун – Гана 2:0
Египет – Буркина Фасо 1:1 (на пенали 4:3)
Финале: Камерун – Египет (недела, 20 ч.)
За трето место: Гана – Буркина Фасо (сабота, 20 ч.)