Граѓаните заслужуваат да живеат во земја која има функционална политичка структура, изјави министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц за Танјуг, додавајќи дека Босна и Херцеговина има неопходна потреба од реформи и развој.
Според Курц, Дејтонскиот договор бил добар за воспоставување на мир, но дека сега е потребен нов Устав.
Тој истакна дека е потребен систем што функционира и соодветен број членови на влада со јасни надлежности.
Курц, меѓу другото, нагласи дека особено е важно ситуацијата во Босна и Херцеговина да не се претвори во етничко-верски конфликт.
Австрискиот министер за надворешни работи истакна дека е особено важно БиХ да знае дека има земји како Австрија што ја поддржуваат и дека земјата има среднорочна перспектива за приклучување кон ЕУ.

