Група курдски демонстранти синоќа упаднаа во зградата на холандскиот Парламент, но по неколку часа доброволно ја напуштија зградата.
Холандската телевизија НОС јави дека целта на демонстрантите била да го привлечат вниманието „кон потребата за поактивна борба“ против терористичкита група Исламска Држава во Сирија и Ирак.
Неколку илјади демонстранти четири часа останале во Парламентот. но според полицијата, протестната акција била мирна.
По преговорите со полицијата и со претседателката на Парламентот Анушка ван Милтенбург, демонстрантите веднаш ја напуштиле зградата.