Екстремистичката организација Исламска држава контролира половина од градот Кобани иако синоќа курдските сили им зазедоа две нивни позиции.
Овие податоци ги соопшти сириската Опсерваторија за човекови права. Според нив, Исламската држава која на 16.септември покрена иницијатива за заземање на Кобани, се соочува со силен отпор на главната курдска милиција во Сирија (ЈПГ).
– ЈПГ дејствуваше контраофанзивно во јужниот дел на Кобани и зазеде две позиции претходно контролирани од Исламската држава, при што загинаа 13 џихадисти, соопшти Опсерваторијата.
Во меѓувреме, Меѓународната коалиција предводена од САД изврши нови воздушни напади врз ИСИЛ во источниот и јужниот дел на градот.
Џихадистите на 6.октомври успешно влегоа во Кобани, откако ги заземаа околните села и источниот сектор, како и некои делови на јужниот и западниот дел од градот кој е многу близу до турската граница.