Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти: Да ја деескалираме ситуацијата на терен, потребни се предвремени избори на северот на Косово

0
By Ана Василевска on June 16, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се наоѓаме во едно проблематично време, но со основниот договор со Србија за којшто се согласивме за нормализација којашто е фактички фокусирана на заемно и меѓусебно признавање, се надевам дека ќе можеме да ги нормализираме односите и да ја деескалираме ситуацијата на терен, порача денеска од Струга во рамки на Преспа форумот косовскиот премиер Албин Курти.

Во врска со ситуацијата на северот на Косово со четирите општини со мнозинско српско население, Курти рече дека се потребни предвремени избори.

„Давам великодушна понуда четирите градоначалници на север нема да мора да го завршат својот двогодишен мандат до 2025 година, можеме порано да имаме предвремени избори, но мораме да ја подготвиме ситуацијата на терен и тоа значи владеење на правото. Јас нема да ја предадам демократската република на фашистичките ентитети и на криминалните банди“, изјави Курти.

Тој додаде дека општинските згради во четирите северни оптшини и припаѓаат на Република Косово.

„Немам намера да ги контролирам српските заедници, ниту пак општините, но со рачни бомби, со куршуми и со шок бомби не може да се заземе положба на градоначалник“, кажа косовскиот премиер.

За Курти, сите поранешни југословенски република прогласија независност и тоа, вели, беше независност од Белград.

„Сега ни треба Србија да прогласи независност од Косово, од Северна Македонија, од Хрватска, од Словенија, од Црна Гора, зашто Србија де јуре ја признава нивната независност“, но тоа не го прави де факто, оцени Курти.

Во врска со тројцата уапсени косовски полицајци во Србија, тој го повтори тврдењето дека тие биле „грабнати на територијата на Косово“.

„Сакам да се заблагодарам на Стејт департментот за тоа што побараа веднаш ослободување на тројцата косовски полицајци и ова е начнот на кој треба да продлжиме. Потребно е да се вратат овие полицајци, но исто така потребно ни е меѓународната заедница силно и јасно да ја осуди агресијата на Србија кон Косово, бидејќи со киднапирањето на нашите тројца полицајци, Србија исто така го наруши член 4 од воено-техничката Спогодба од Куманово од 1999, и мислам дека НАТО треба да го осуди прекршувањето на Кумановскиот договор од страна на Србија“, рече Курти.

Според него, за безбедност и сигурност на Балканот многу е важно да се прекине, како што рече, „овој статус на српската армија околу границата и во исто време да се осуди оваа агресија и да се смета како прекршување на Кумановскиот договор“.

Косовската полиција во средата објави дека тројца нејзини припадници биле киднапирани од маскирани лица од Србија, на еден од патиштата во северно Косово, на меѓудржавната граница.. Белград, пак, тврди дека косовските полицајци се уапсени на српска територија, откако навлегле длабоко во централна Србија, а српски медиуми објавија и фотографии од апсењето на униформирани лица кои се наводно косовски полицајци.

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) денеска соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија.

Во врска со регионалната соработка, Курти од Струга рече дека за него подобра платформа од Берлинскиот процес нема.

„За мене Берлинскиот процес е регионална соработка. Нема подобра платформа не поддржувам регионални иницијативи, кои се без европски вредности и без европски механизми. Берлинскот процес ги содржи овие две и со нетрпение очекувам да го надградиме Берлинскиот процес и да стане нешто налик на ЦЕФТА“., рече Курти.

За него, ЕУ треба да го продолжи процесот на проширување и тоа треба да оди паралелно со внатрешната консолидација во самата Унија.

„Преспа форум за дијалог”. Албин Курти Косово-Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.