Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лајен: Државите од Западен Балкан се изземени од ограничувањата за извоз на вакцини

0
By Нова ТВ on February 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека вакцинирањето во ЕУ се забрзува и оти останува целта да се имунизираат најмалку 70 проценти од населението до крајот на летото.

Во својот говор пред Европскиот парламент, Фон дер Лајен предупреди на претстојната борба против новите варијанти на вирусот и истакна дека земјите од Западен Балкан се изземени од механизмот на ЕУ за транспарентност и одобрување на извозот на вакцини.

– На сите ни треба предвидливост кога станува збор за испорака на вакцини. Затоа е воведен механизам за транспарентност и авторизација на извозот. Немаме намера да ги ограничуваме компаниите што ги почитуваат договорите со ЕУ, а автоматски се изземени ограничувањата на извозот во земјите од Западен Балкан, во нашето соседство, за хуманитарни потреби и во 92 земји со мал и среден приход од инструментот Ковакс, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК посочи дека досега се испорачани 26 милиони дози вакцини во ЕУ и дека вакцинирани се околу 17 милиони луѓе.

– Сè уште не сме таму каде што би сакале да бидеме во борбата против вирусот, нагласи Фон дер Лајен. Таа призна дека ЕУ била „премногу оптимистична“ кога станува збор за масовно производство на вакцини, но исто така ги отфрли сите критики за заедничката набавка на вакцини, која сега доцни со испорака до земјите членки.

– Во право бевме кога одлучивме колективно да нарачаме вакцини како Европејци.„Сè друго би било економска глупост и крај на нашата заедница, рече таа. Во обраќањето до Европскиот парламент, претседателката на ЕК оцени дека „науката ја надминала индустријата“ и за значително пократок временски период отколку што е вообичаено и обезбеди вакцини, кои пак, индустријата има проблем да ги произведе во доволни количини. Покрај најавата за поддршка за масовно производство на вакцини, Фон дер Лајен најави и координација во рамки на ЕУ кога станува збор за борба против нови мутации на вирусот.

– Немаме многу податоци за ефикасноста на вакцините против новите варијанти на вирусот. Тие ќе продолжат да се појавуваат и ние мора веднаш да се подготвиме. Треба да се осигураме дека сме безбедни следната зима и подолго, заклучи Фон дер Лајен. Таа најави презентирање на нова агенда за следната недела за подготовка на ЕУ за борба против новите варијанти на вирусот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.