На територијата на Македонија во текот на 2021 година се регистрирани 739 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според видот на објектот, бесправно се изградени 210 објекти за домување (28,4 отсто), 102 доградби, надградби и адаптации (13,8 отсто), 73 деловни објекти (9,9 отсто), 29 гаражи (3,9 отсто), 128 огради (17,3 отсто), 6 скалила (0,8 отсто), 6 тераси (0,8 отсто), 6 летни тераси (0,8 отсто), 71 натстрешник (9,6 отсто), 23 времени објекти (3,1 отсто) и 85 помошни објекти (11,5 отсто).
Најголем број од бесправно изградените објекти (95,7 отсто) се во приватна сопственост.