Високи функционери од Лаос загинаа при пад на воен авион АН-74, кој се урна во североисточната провинција Џиенкуанг во Лаос. Меѓу нив и министерот за одбрана Дуанчај Пихит, воедно и заменик премиер. Тројца од патниците ја преживеале несреќата.
Делегацијата патувала на воена парада по повод јубилеј на единици на армијата на Лаос. Преживеале тројца од патниците. Авионот се урнал на 4 километри од пистата за слетување. Засега нема информации за причините за несреќата.
Лаос, кој се наоѓа меѓу Тајланд и Виетнам е една од најсиромашните држави во југоисточна Азија, водена од социјалистичка еднопартиска влада. Често се случуваат авионски несреќи. Во минатиот октомври се урна цивилен авион во Меконг, при што загинаа сите 49 патници.