Два лава, два тигри и јагуар што избегале од зоолошката градина во Лунебах во западна Германија биле повторно фатени.
Животните биле пронајдени по потрагата со беспилотни летала, изјавиле официјални лица. На локалните жители претходно им било кажано да не излегуваат.
Претходно избегала и мечка од зоолошката градина Ајфел која е во приватна сопственост, но била застрелана.
Германските медиуми пишуваат дека животните избегале откако невреме ги поплавило нивните живеалишта.
Во масовната потрага биле вклучени и полицајци, пожарникари и ветеринари.
Зоолошката градина има површина од 30 хектари и е дом на речиси 400 животни од 60 видови, вклучувајќи сибирски тигри и лавови.
Според веб-страницата на зоолошката градина годишно ја посетуваат 70.000 луѓе .
Пред две години два лава избегаа од зоолошката градина во Лајпциг, источна Германија. Едниот беше убиен, а другиот фатен.