Нема никаква логична врска помеѓу воведувањето санкции врз Русија и нормализација на ситуацијата во Украина, потенцира рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Шефот на руската дипломатија порача дека Русија помага во примената на договорот од Минск, но не и за прашањето за санкциите, бидејќи според него тоа е прашање за земјите кои ги вовеле.
Лавров потенцира дека во интерес на Русија е што поскоро да се смири ситуацијата во Украина.
Според него, Западот го злоупотребува прашањето со Украина и санкциите се противзаконски.
– Русија е подготвена да ги заживее односите со Запад кога партнерите оттаму ќе имаат слична идеја, заклучува Министерот за надворешни работи на Русија.