Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров рече во Женева дека е постигнат договор со САД, ЕУ и Украина за етапно смирување на кризата во Украина.
Четирите страни ќе работат на воспоставување широк национален дијалог, за да се обезбеди заштита на правата на Украинците, рече Лавров.
„Сите илегални вооружени дружини мора да се разоружаат, сите илегално заземени згради мора да бидат вратени, сите улици, проштади и други јавни места во украинските градови мора да бидат ослободени“, се вели во документот.
Усвениот документ предвидува амнестија за оние кои ќе ги почитуваат одредбите од договорот, освен одговорните за тешки злодела.
Лавров вети дека Русија нема да испраќа трупи во Украина.
Американскиот државен секретар предупреди дека планот е само „зборови на хартија“ и успехот зависи од спроведувањето на договорените мерки.
Американскиот државен секретар Џон Кери по неколку часовните четиристрани разговори изјави дека главните дипломати од Украина, Русија, ЕУ и САД се согласиле на пакет марки за олеснување на конфликтот во Украина.
Евроспкиот парламент денеска во Стразбург изгласаа правно правно необврзувачката резолуција во која се истакнува дека ЕУ мора да ги засили санкциите против поединци во Русија и да биде подготвена за наметнување на економски санкции за Москва.

