Правецот на долгорочниот развој на односите помеѓу Русија и Европската унија мора да се дефинира, бидејќи стигна „моментот на вистината“, порача шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– Во текот на нашите контакти напоменавме дека односите помеѓу Русија и ЕУ стигнаа до еден вид „момент на вистина“ кога треба да донесеме одлука за правецот во кој ќе се развиваат односите и да одговориме на прашањето: дали сме ние еден на друг стратешки партнер или и понатаму остануваме геополитички противници, изјави Лавров, пренесува „РИА Новости“.
Според него одлуките во Брисел за воспоставување на санкции кон неговата земја, се донесени под голем притисок на САД. Тој повикува на укинување на санкциите.
Доколку ЕУ ги укине санкциите, Русија би можела да го повлече едногодишното ембарго за увоз на храна од ЕУ, воведено во август. Тоа ја чини Унијата 6.6 милијарди долари нагодишно ниво.
Министерот за надворешни работи на Русија вели Русија никогаш не сакал да воведува санкции но била принудена на тоа.
Забраната, Русија ја воведе во август после неколку санкции кои Западот ги воведе за Русија, а како причина наведена беше руската улога во дестабилизацијата на Украина.