Русија денеска изрази загриженост поради ситуацијата во Ирак, каде исламските екстремисти зазедоа два града, и оцени дека тоа е резултат на акцијата на САД и Британија.
„Тоа е илустрација на целосен неуспех на авантурата кој ја започнаа САД и Британија и сега ситуацијата целосно излезе од контрола“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Раша тудеј.
Според него немирите во Ирак претставуваат закана по територијалниот интегритет на земјата. „Изразуваме солидарност со ирачките васти и со народот кои треба повторно да воспостават мир и безбедност во земјата, но акцијата на нашите западни партнери покренува многу прашања“, истакна Лавров.
Припадниците на Исламска држава Ирак и Лавант ги зазедоа градовите Мосул и Тикрит, а над половина милион луѓе беа приморани да ги напуштат домовите, по што се заканија дека ќе тргнат кон Багдад, Кабул и Наџаф.
Портпаролот на ИСИЛ, Абу Мохамед ел Аднан вети дека ќе дојде до „разбеснета“ битка во Багдад и Кабул, кој се смета за едно од најсветите места на шиите.