Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со Ѕвонко Костовски ја открија аферата за најмасовно прислушување во Македонија денеска се појави како сведок во случајот „Таргет Тврдина“.
Но пред неговото сведоштво да го каже на суд, Лазаревски во август минатата година во интервју за НОВА, за првпат за некој медиум, говореше за тоа како тој лично ја доживеал оваа масивна злоупотреба што ја спроведувала тогашната власт.
Лазаревски 11 месеци остана во притвор. Тој беше човекот кој работел во службата, сведок е на злоупотребите од огромни размери на предистражните мерки и јавноста никогаш немаше да ги чуе бомбите да не беа обичните „смртници“ од службата – професионалната администрација.
-Во тој период се создаде амбиент на приватизација на институцијата. Во еден момент јас бев во очај и мислев дека ова никогаш веќе нема да се сруши…За среќа преживеавме, но јас не можам да се повратам, едноставно не сум веќе истиот човек…Веројатно за еден живот вреди да се помине тоа, да си речеш „барем не сум живеел залудно, изјави најпознатиот македонски свиркач Ѓорѓи Лазаревски за НОВА пред повеќе од една година.