Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажичето на катастрофата на Оливер Спасовски

0
By Биљана Секуловска on April 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сега навистина не е време да дебатираме и анализираме дали воопшто господ е голем, наспроти науката, која, за некои од нас, е вистинскиот Господ, патоказот и вербата која треба да се следи.

Сега нема ни смисол да се пребројуваме, да се редиме по колони на религиозни, атеисти и агностици, да си врзуваме жолти ленти и сите заедно да тргнеме, овојпат во една колона кон респираторите распослани низ болниците, а ако не станат доволни, сајмиштата секогаш ќе останат на располагање.

Сега не  е ни време да ги слушаме преколнувањата, молењата, апелите на претседателот Пендаровски и министерот за здравство Филипче- како верници исклучиво во науката, во епидемилошките, медицински закони. Сега не е ни важна нивната понизност кон светоста на науката, нивното паѓање на коленици кон граѓаните да се остане дома, наместо да се причестуваат за Велигден верниците низ црквите, наместо да веруваат дека со едното лажиче за причеста се поблиску до бога- и со тоа се имуни на сопственото унаказување и казнување, но, и, агонијата да биде поголема, и  на останатите граѓани.

Сега може да се отфрли и со индигнација нашиот револт, кој повеќе стана очај, кога за првпат го слушнавме премиерот Оливер Спасовски- “Владата не може да ги затвори верските храмови, затоа што слободата на вероисповест е неприкосновено право”.

Сега и не мораме навистина да се прашуваме- зошто земјите од Источна, наспроти од Западна Европа- беа трезвени и разумни, во експресноста на наметнување на мерки на изолација и социјална, поточно-физичка дистинца, наспроти старите, позрели демократии, како Франција, Британија, САД.

Сега којзнае колку значат фактите и политиколошките и социолошки анализи- дека во  Источна Европа станува збор за посткомунистички земји, со понизок, или во случајот со Македонија- катастрофален стандард и урнисани системи во секој смисол, сега се мисли особено на здравствените, и токму  и затоа изолацијата беше единственото решение, излез- наспроти италијанските слики на колони камиони со ковчези, или оние на масовни гробници во другите земји.

Освен тоа, комунистичките и социјалистички модели на јавно здравство создале системи на почит кон колективитетот, наспроти индивидуализмот на западните демократии. Последично, наметнати и всадени стануваат и елементите на покорност и послушност кон авторитетите- заради кои и полициските часови и генерално, мерките на рестрикција се почитуваат, наспроти масовните кршења на Запад.

Еднакво важно е да се спомене и одбивањето на западните лидери да воведат ригорозни мерки на почетоците на Корона кризата- во име на сопствената демократска традиција и историјата на борба за човекови права, кои силно веруваа, дека ќе бидат нарушени, прекршени и осакатени. Тие човекови права и слободи во овие земји се добиени со крв и долга историја на револуции, наспроти источните, пост-комунистички земји, кои искусувале долги децении на диктаторски или помеки авторитарни режими.

Затоа, никогаш не е време во оваа земја да се постават вистинските прашања и да се замоли- некои од политичките лидери- оние религиозните, да замолчат, барем за наш спас.

Оливер Спасовски веројатно знае дека благодарение на Венко Филипче- досега со кризата се справувавме добро, многу подобро, отколку што на почетокот очекувавме. Острите пораки кон Спасовски и од страна на Филипче и од страна на Пендаровски- не му значеа ништо на премиерот, кој религијата ја стави на пиедестал, над животот, здравјето и безбедноста на граѓаните. Правото на живот е неприкосновено, секогаш над правото на религијата, зарем не?

Верувам дека Спасовски не мислел ништо лошо, имал само добри намери, како што осекогаш пеколот знаел да биде поплочен со нив.

Тој само сакал да го замоли бог да се смилува над нас и да не излечи, онака како што само Црквата низ историјата знаела да ги пренесува моќта на науката, силата на знаењето, кога ги славела и величела, палејќи ги научниците и нивните книги.

Како што е општо познато,  бог ги создал сите научни закони, вакцини и лекови низ историјата на човештвото- а Ајнштајн, Тесла, Њутн, Дарвин, итн., само се потпишале, затоа што бог отсекогаш бил невидлив и недопирлив.

Богот на науката е голем, ви велам, штета што Спасовски не верува во него, туку само во она едно лажиче кое сите го милуваат во причестата- додека ние седиме дома и чекаме на ред да не стигне тоа нивно лажиче на катастрофата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.