Дојавата за бомба во Министерството за економија е лажна велат за НОВА од МВР. Паниката ги натера и вработените од соседните институции се излезени од своите работни места надвор на улица.
Инаку, во близина на Министерството за економија се наоѓа и штабот на ВМРО – ДПМНЕ и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).
МВР во моментов врши прочешлување на телефонските листинзи во редакцијата „Дневник“ каде женски глас се јавил за поставената бомба.
„Направени се проверки но, не е најдено ништо, следи постапка за пронаоѓање на јавувачот за лажната бомба“, велата за НОВА од МВР.